Спорт

Родригез одбил фантастична понуда од Кина

Како што пренесуваат шпанските медиуми Хамес Родригез одбил понуда за настапи во Кина која би поставила нов рекорд во светот на фудбалот.

11.01.2017 18:46:44
Имено на адреса на Реал пристигнала понуда од 110 милиони евра за ангажман на Колумбиецот кој доколку ја прифател ќе добивал и 30 милиони евра годишна плата.

Според информациите од Шпанија, претседателот на Реал Флорентино Перез ја прифатил понудата но истата била одбиена од Родригез.