Спорт

Тешки противници за Ѓорческа

Најдобро рангираната македонска тенисерка Лина Ѓорческа ги доби противниците во квалификациите за првиот грен слем во сезоната Австралија Опен.

11.01.2017 18:45:57
Ѓорческа немаше среќа во денешната жрепка со оглед на квалитетот на противничките кои ги доби.
Квалификациите за неа стартуваат со тенисерката од Соединетите Американски Држави, Сашиа Викери која е рангирана на 135-тата позиција на ВТА листата.

Натпреварот треба да се одигра во 03:00 часот по полноќ по македонско време.

Доколку Ѓорческа успее да ја победи Американката во следната фаза ќе се сретне со подобрата од дуелот Тара Мур и Далма Галфи додека се очекува во последниот меч противникот да биде носителката во групата Швајцарката Стефани Вогеле која е 111-та на ВТА листата.

Македонската тенисерка, за која ова е вториот квалификациски турнир за настап на еден од четирите грен слема, истиот го дочекува како 206-та тенисерка во светот.