Македонија

Охрид целосно подготвен за Богојавление - Водици

Втора година по ред локалната самоуправа и дебарско-кичевската епархија заеднички го организираат големиот христијански празник Богојавление Водици.

11.01.2017 18:00:04
 Втора година по ред локалната самоуправа и дебарско-кичевската епархија заеднички го организираат големиот христијански празник Богојавление Водици. За оваа црковни народна манифестација, секој сака да биде во градот кој е македонската духовна престолнина и центар на православието, а за што поефикасна организација се формира координативно тело кое предвидува тридневна програма.Како дел од богата содржина на 17-ти јануари нуркачкиот центар ,,Амфора” ќе го промовира документарниот филм ,,Танцот со пастрмките”.

Ќе бидат изложени 20-тина уникатни фотографии, а парите кои ќе се соберат од нивната продажба, ќе бидат наменети за луѓе со социјален ризик кои фигурираат во Црвениот крст. Оваа хуманитарна организација заедно со спасувачките и нуркачите тимови и медицински екипи ќе се погрижат и за безбедноста на сите оние кои ќе скокаат во езерските води по чесниот крст.

Од агенциите кои нудат голем избор на сместувачки капацитети велат дека интересот е на задоволително ниво. Има најави претежно на домашни и гости од соседните држави.

Хотелиерите се лизнаа, барем до овој момент мал е бројот на хотели кои за Водици имаат специјани понуди со промотивни цени како што тоа беше изминатите години.

Росица Голабоска