Македонија

Полошко во портокалова фаза, минусни температури и снег

Со минимални температури и до -20 степени и снежна покривка од триесетина сантиметри, полошко е еден од најпогодените региони од студот во земјава.

11.01.2017 18:01:36
 Со минимални температури и до -20 степени и снежна покривка од триесетина сантиметри, полошко е еден од најпогодените региони од студот во земјава. Патиштата кон повисоките места се проодни, но и натаму со отежнато движење. Во Тетово е расчистено низ центарот, но не и по периферијата и тротоарите, за што се жалат и граѓаните.

Студеното време деновиве предизвикува проблеми и во водоснабдителниот систем во Тетово. Дневно се интервенира на десетина дефекти, поради што делови од градот остануваат без вода.

Според најновите прогнози и најави на синоптичарите, полошко и натаму ќе биде во портокалова фаза. Нови снежни врнежи се очекуваат веќе од сабота.

Милена Вуческа