Свет

Холивудски актери ќе протестираат против Трамп

Десетици холивудски актерки ќе им се приклучат на масовните протести против идниот американски претседател Доналд Трамп, што ќе се одржат во Вашингтон еден ден по неговата инаугурација.

11.01.2017 12:14:44
 Десетици холивудски актерки ќе им се приклучат на масовните протести против идниот американски претседател Доналд Трамп, што ќе се одржат во Вашингтон еден ден по неговата инаугурација.

Собирот насловен „Протест на милион жени“ е најавен преку Фејсбук уште во ноември. Боб Бланд, една од организаторките, одговорна за Њујорк, се надева дека бројката на демонстрантки ќе биде поголема од 100.000 .

Меѓу попознатите учеснички на протестот ќе бидат: Џулијан Мур, Скарлет Јохансон, Америка Ферера, Еми Шумер, Френсис Мекдорманд, Кејти Пери, Шер, Дебра Месинг, Зендеја...

Истовремено, глумицата и продуцентка Челси Хендлер ќе ги предводи демонстрациите во Парк Сити во Јута.