Македонија

Изгоре куќа во Охрид, се бара помош од сите хумани луѓе

Роденденот на 52 годишниот охриѓанец Музафер Садик, се претвори во пекол-наместо да го прославува во топол дом, опкружен со најблиските,скромниот семеен ручек се претвори во битка за спас на три животи.

10.01.2017 18:04:27
Роденденот на 52 годишниот охриѓанец Музафер Садик, се претвори во пекол-наместо да го прославува во топол дом, опкружен со најблиските, скромниот семеен ручек се претвори во битка за спас на три животи. 

-Вчерашниот е најтешиот ден во мојот живот, за влакно ќе ги загубев мојата сестра и внуката.Боли да гледаш како пред очи ти гори домот,пламените јазици брзо се проширија пеплосувајќи ја куќата-вели Музафер. 

-Излегов надвор да видам што се случува, само што излегов и имаше јак ветар,наеднаш избувна под чатијата.Сакав да реагирам, пробав да спасам нешто од покуќнина  но ништо .Ќе го запамтам овај роденден трагичен ќе е богами, бидејќи се изгоре нема ништо.-Изјава Музафер Садик.

Останаа само неколку фотографии, како единствен спомен од миговите кои се случувале под семејниот кров. Семејството ноќта ја помина кај своите роднини и пријатели кои им позамиле и облека, бидејќи веќе немаат ништо.Таткото на градот им вети помош.

-Направена е огромна матерјална штета која што семејството на Музафер Садик го остава без елементарните услови за живеење.Ние ќе направиме се, ќе го дадеме најдоброто од себе да помогнеме веднаш на семејството.Со оглед на тоа што оваа постапка не се решава преку ноќ, додека трае оваа постапка да најдеме привремено сместување.-Изјава Никола Бакрачески-градоначалник на Охрид.

Среќа во несреќа е што нема жртви и што пожарот не ги зафатил и околните куќи.

- Постојат два објекти повисоки од овај објект кои што беше опожарен и секогаш опасноста постои за да се прошири и на тој дел од објектите.-Изјава Спасе Прентоски.

Семејтвото Садик моли за помош бидејќи на овие минусни температури останаа без покрив над глава.Да ја покажеме хуманоста и секој во рамки на своите можности да им помогнеме-упати апел до своите сограѓани и градоначаникот Бакрачески.  


Росица Голабоска