Економија

Се реконструира старата градска болница

Инвестицијата ќе чини 2 милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра.

10.01.2017 18:03:57
По цели 80 години се реконструира старата градска болница Свети Климент Охридски во Скопје.  Станува збор за комплетна и темелна реконструкција на внатрешноста на болницата, со што ќе се подигне стандардот на негата и услугата на болницата, истакна денеска министерот Тодоров при увидот на градежните работи во болницата кои започнаа во септември минатата година. 

Инвестицијата  ќе чини 2 милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра. 

За подобрување на услугата во болницата, Тодоров рече дека досега 28 доктори се испратени на едукација во странство, 21 се на специјализација, од кои во моментов двајца се во странство. Минатата година, во болницата биле инвестирани 50 милиони денари во опрема која е во функција, а во последните три години се воведени и 72 нови методи или процедури.

Со обновата на болницата ќе се добие поголем квалитет на услугите кои како институција ги нуди, но и поголема мотивираност за работа на медицинскиот персонал. 
 
Се очекува реконструкцијата да заврпи до крајот на годината и болницата да добие сосема нов лик. 

Весна Дрвошански