Спорт

Миркуловски: Подготвен сум да дадам се од себе

Филип Миркуловски во јуни се прости од дресот со националниот грб, но поради проблемите со повредата на Филип Кузмановски, тој без размислување ја прифати поканата повторно да биде дел од националниот тим и да биде дел од селекцијата што ќе настапи н

02.01.2017 15:15:02
"Можеби непланирано се вратив во репрезентацијата со цел да им помогнам на моите колеги. Повредата на Филип Кузмановски е голем хендикеп за екипата и јас без размислување ја прифатив понудата да бидам дел од националниот тим. Чувството е исто, како и во минатото и јас сум подготвен да дадам се од себе да и помогнам на репрезентацијата на претстојното Светско првенство", рече на првиот тренинг, Миркуловски.




























Тој заедно со капитенот Кире Лазаров ќе биде еден од најискусните во составот и од нив се очекува да го понесат најголемиот товар во Франција, но и двајцата се подготвени целото свое искуство и знаење да им го пренесат на помладите колеги од кои се очекува да ја продолжат низата на настапи на големите натпреварувања.

"Искрено не чувствувам некој посебен притисок едноставно треба само да продолжиме со нашата игра со цел да им помогнеме на помладите побргу и подобро да се вклопат во екипата. Сметам дека ќе ја реализираме целта имаме добра екипа, помладите само треба да не следат нас поискусните и дека успехот ќе биде неминовен", заврши Миркуловски.