Спорт

Младите ракометари со историска шанса за пласман на СП

Македонската ракометна репрезентација од 4 до 6 јануари во Скопје ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство кое годинава ќе се одржи во Алжир.

02.01.2017 14:55:17

Генерацијата предводена од Филип Талески има одлична шанса пред своите навивачи да се избори за првото место и за прв пат во историјата преку квалификации да обезбеди настап на еден Мундијал.

Избраниците на селекторот Илија Темелковски во трите дена ќе се соочат со Полска, Португалија и Турција. Најголем конкурент за првата позиција ни е селекцијата на Полска со која играме в среда во салата на СРЦ Кале и тоа со почеток од 17:45 часот.

Во второто коло се соочуваме со Португалија додека на шести овој месец противник ни е Турција.

Сите натпревари се играат во СРЦ Кале, а влезот е слободен.

 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП - СКОПЈЕ /  СРЦ Кале

04.01.2017

15:00 часот         Португалија - Турција

17:45 часот         МАКЕДОНИЈА - Полска

 

05.01.2017

15:00 часот         Турција - Полска

17:45 часот         МАКЕДОНИЈА - Португалија

 

06.01.2017

12:00 часот         Полска - Португалија

14:30 часот         МАКЕДОНИЈА - Турција