Живот и стил

Десет трендови кои ќе ги обликуваат животите на луѓето во 2017 година

Полека го напуштаме времето во кое се плашевме, а потоа се тркавме со новата технологија и влегуваме во нова ера на емоционално напредна технологија.

02.01.2017 12:39:39

Минимализам, вештачка интелигенција, вмрежено семејство, нанотехнологија... - се некои од 10-те трендови кои според проценка на компанијата „Самсунг Електроникс Европа“, ќе го обликува начинот на животот на луѓето во 2017 година и во динина. 

- Полека го напуштаме времето во кое се плашевме, а потоа се тркавме со новата технологија и влегуваме во нова ера на емоционално напредна технологија. Вештачките интелигентни производи стануваат наши животни тренери, истражуваме начин да побегнеме од стварноста, или пак да ја засилиме, вели раководителот на дизајн на компанијата „Самсунг“, Камил Хамерер. 

Како што додава тој, новите технологии на луѓето ќе им дадат моќ да ги надминат своите природни ограничувања и „на одреден начин да станат надчовечки суштества”.

Според предвидувањата на „Самсунг“, следните трендови ќе ги одбележат нашите животи во идните, а и во сите наредни години.

1. Минимализам - луѓето ќе сакаат да го заменат квантитетот со квалитет, ќе доминираат минималистички, елегантни предмети со моќни перформанси, но со едноставен дизајн. 

2. Безвременско општество - дури и постарите генерации ги усвојуваат и ги користат сите предности и потенцијали кои ги носи новата технологија. Одржување на контакти, континуирано учење, создавање, подолг работен век и подобра свест за здравјето преку технологијата овозможуваат да се пркоси на вообичаените претпоставки за стареењето. 

3. Вештачката интелигенција - машините го учат не само нашиот јазик, туку учат и од нас, со што на крај стануваат наши лични консултанти врз основ на тоа што го научиле од нашето однесување. 

4. Засилени доживувања - бидејќи животот се повеќе станува рутина, човекот се врти кон технологијата да побегне од таа рутина и да почувствува различни искуства, засилено доживување на стварноста во областа на забавата, патувањата и спортот преку нов концепт на виртуелна стварност. 

5. Личен раст - технологијата ќе овозможи човекот да ги унапреди и развие своите вештини и таленти до максимум. 

6. Преносливи уреди на следната генерација - преносливите уреди полека ќе ги заменат мали сензори кои можат да го откријат нашето расположение, состојбата и да го подобрат нашето дејствување и учење. Дигитални апчиња или уреди кои се голтаат, а кои звучат како научна фантастика, стигнуваат на пазарот. 

7. Вмрежено семејство - ќе се зголеми бројот на семејствата во кои сите генерации се вмрежени, а кои користат технологија да ги надминат емоционалните, финансиските, па дури и физичките предизвици.

8. Мултисетилни искуства - вкусовите, мирисите и сетилото за допир во комбинација со силни визуелни стимуланси ќе создава мултисетилни искуства. 

9. Нанотехнологија во телевизорите - нанотехнологијата, а посебно quantum dot честичките ќе бидат материјал на иднината. Се очекува овие мали честички да доведат до револуција во технологијата на телевизорите во идните генерации, а потоа и во здравството.

10. Тивка технологија за чистење на мозокот - луѓето денес ги проверуваат своите телефони во просек 80 пати на ден. Високата технологија наскоро ќе им помага да се исклучат од таа врева, а притоа да не мора да ги изгасат своите уреди бидејќи тивката технологија, како што е Gear IconX, ќе им понуди ултимативен производ.