Црна хроника

Мирна новогодишна ноќ бележи полицискиот билтен

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска ги посети полицајците во секторот за внатрешни работи Скопје.

01.01.2017 17:38:09
Жителите на тетовско Долно Седларце синоќа имале бурен новогодишен дочек, откако нивни сожител решил со истрели од ловна пушка да прослави. За среќа рикошетите на повредиле никого, завршиле во лозницата и влезната врата од куќата на 74 годишен старец. Ова е посериозен инцидент што е заведен во полицискиот билтен од новогодишната ноќ. 

Мирно било во сите градови за време на дочекот, информираат од МВР. Дента на 31 декември се регистрирани поситни инциденти, а полицијата истражува и како починал 50 годишен скопјанец чие тело вчера попладнето било пронајдено  кај домот за стари лица, на улицата Призренска, во Скопје. Според привичните информации, смртта настапила како последица на удар во главата.  

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска ги посети полицајците во секторот за внатрешни работи Скопје, а утринава беше и во посета на прворотката во болницата во Чаир, која на свет го донесе првото бебе во 2017 година.  За време на посетите не беа поканети медиуми, за нив информираше службата за односи со јавноста на МВР. 



Катерина Гетева