Црна хроника

Девојче од Битола жртва на сексуални игри на постар малолетник

17 годишникот преку видео конференција се самозадоволувал пред малолетничката, а на тој начин и направил порнографски фотографии од девојчето.

28.12.2016 18:11:21
Три месеци траела голготата на 13 годишно девојче од Битола, жртва на сексуалните апетити на 4 години постаро момче од истиот град. Битолчанецот со девојчето комуницирал преку социјалните мрежи, Фејсбук и Инстаграм, користејќи ги камерите на компјутерите, 17 годишникот преку видео конференција се самозадоволувал пред малолетничката, а на тој начин и направил порнографски фотографии од девојчето. Сликите ги објавил на Инстаграм, на лажен профил со име и презиме на 13 годишната битолчанка, па така сликите можеле да ги гледаат и нејзините врсници.  

Битолчанецот го уценувал девојчето дека мора да биде дел од неговите сексуални игри кога тој ќе посака, заканувајќи и се дека ако не го стори тоа сликите како и аудио снимката ќе ги даде на нејзините роднини и родителите. 

Детали за разврската на овој случај не откриваат од полицијата, бидејќи се инволвирани помлад и постар малолетник. Нема информација ни кој го пријавил 17 годишникот во полиција, ниту пак како се дознало низ што поминувало девојчето со месеци. 

Полицијата 17 годишникот сега го гони кривично, осомничен е дека сторил неколку дела. Треба да одговара за “задоволување полови страсти пред друг“, “злоупотреба на лични податоци“, „прикажување порнографски материјал на дете“, производство и дистрибуција на детска порнографија“ , „присилба“  како и „загрозување на сигурноста“.  


Катерина Гетева