Култура

Битолскиот театар ги јакне израелските врски

Иако Програмата на Министерството за култура за 2017 година се уште не е донесена, Битолскиот народен театар се зафати со подготовка на два сценски проекта за идната година

27.12.2016 18:24:55
 Иако Програмата на Министерството за култура за 2017 година се уште не е донесена, Битолскиот народен театар се зафати со подготовка на два сценски проекта за идната година.  Од денеска започнаа пробите на пиесата со работен наслов ``За смислата на животот`` од израелскиот автор Иддо Нетанјаху, познат на битолската публика со  пиесата ``Хепиенд`` која беше поставена во Битола. Играат шест битолски актери, а ја режира Благоја Мицевски, како негово шесто режисерско остварување.

- Би сакал да напоменам дека договорот за оваа претстава се одвиваше за време на нашиот претстој на фестивалот во Ако во Израел-  рече на денешниот прес, директорот на БНТ Валентин Светозарев.
- Оовој текст е инспириран од делото на една автентична личност или еден познат психотерапевт кој што го преживеа Холокаустот и кој што во шеесеттите години имаше своја ординација - рече режисерот Благоја Мицевски.

Вториот проект со кој репертоарски ќе се  стартува  во 2017 година е светската праизведба на пиесата ``Грилпарцер  во секс- шоп`` од австрискиот драматург Питер Турини. Во Битолскиот народен театар  планираат девет премиери, исто колку и годинава, со одиграни 203 претстави.

Петар Стефановски