Црна хроника

Еден загинат тројца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Едно лице загина а три се повредени во тешка сообраќајна незгода што се случи вчера попладне на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај крстосницата со локалниот пат

23.12.2016 17:55:23
 Едно лице загина а три се повредени во тешка сообраќајна незгода што се случи вчера попладне на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај крстосницата со локалниот пат за селото Издеглавје. Медицинските екипи од Брзата помош не можеле да помогнат, бидејќи од здобиените повреди 74 годишната охриѓанка починала на лице место. Во специјалната болница за ортопедија и трауматолија ,,Св.Еразмо”  се хоспитализирани 2 тешко повредени лица на 68 и 74 годишна возраст од село Велмеј. Полесно минал 37 годишник од Пробиштип, кој по укажана медицинска помош е пуштен на домашно лекување.

Сообраќајката се случила во момент кога автомобил Опел Астра во кој се наоѓала сега почината,а го управивал еден од тешко повредените, се обидел да се приклучи од локалниот пат од Издеглавје на магистралниот пат и при тоа се судрил со „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки.

Само во последниве 6 месеци од годинава,токму на магистралниот пат Охрид –Кичево животите ги загубија 4 лица, а 15 се здобија со тешки телесни повреди.

 И магистралниот пат Струга –Ќафасан, беше кобен за две лица,а ништо помалку опасен не е нити регионалниот пат Охрид-Св.Наум каде во тешка сообраќајка загинаа двајца. Од охридската полиција со апел до сите возачи да внимаваат за време на новогодишните празници, кога сите патишта водат кон туристичките центри.

Полицијата ќе го зголеми своето присуство на овој и останатите патни правци, бидејќи празнично во Охрид ќе има зголемемна фреквенција на возила. 

Росица Голабоска