Црна хроника

Десетипол години затвор за Рамбо од Плачковица

Десет години и шест месеци затвор заработи 35 годишниот Мустафа Шефаит, познат како Рамбо од Плачковица. Шефаит кој во мај годинава во карбинското село Ебеплија се обиде да го убие сопствениот брат, а потоа два дена со автоматска пушка се криеше

23.12.2016 17:16:29
 Десет години и шест месеци затвор заработи 35 годишниот Мустафа  Шефаит, познат како Рамбо од Плачковица. Шефаит кој во мај годинава во карбинското село Ебеплија се обиде да го убие сопствениот брат, а потоа два дена со автоматска пушка се криеше на планината Плачковица и сееше страв мегу жителите на четири Плачковички села е осуден за две кривични дела. Осум години затвор за обид за убиство, а за нелегалното поседување на оружје четири години затвор. Бидејки Шефаит ја признал вината ќе треба да одлежи само десет и пол години.
   
Шефаит неколку месеци бил во расправија со сопствениот брат, а токму во тој период нелегално ја набавил и автоматската пушка со која го рани својот брат.
 
Инаку на Мустафа Шефаит ова не му е прво кривично дело. Пред 16 години во штипското село Црвулево тој уби три лица.


Александра Ристевска