Црна хроника

Кумановец жртва на полициска бруталност во Холандија ?

Се уште не е утврдена, причината за смртта на Макeдонецот. Дали се загушил од пепер спрејот со кој полицијата го испрскала или еден од полицајците го задавил?

23.12.2016 17:54:36
Кумановец од албанска националност, е македонскиот државјанин кој завчера почина во Холандија во трговски центар додека тамошната полиција го апсела. Дека смртта настапила како последица на загушување додека полицајци му ставале лисици на рацете не демантираше ниту шефот на полицијата во Лимбург, Гери Фелдхаус, пренесоа тамошните медиуми. 

Се уште не е утврдена, причината за смртта на Макeдонецот. Дали се загушил од пепер спрејот со кој полицијата го испрскала или еден од полицајците го задавил?

Кумановецот роден 1981 година, според информациите на Алфа, нелегално заминал  во Холандија, престојувал во Хаг од каде барал азил. Во вторникот ноќта полицијата објави дека интервенирала по дојава дека растроен маж прави проблеми во еден трговски центар. 

Патролата го пронашла „проблематичниот кумановец“ и му побарале документи. Во пасошот виделе печат дека му е одбиено барањето за азил и дека за 28 дена треба да ја напушти земјата. Според нив тој дал отпор при апсењето, па тие морале да употребат пепер спреј за да го совладат и да му стават лисици на рацете. На 35 годишниот кумановец му се слошило, интервенирале и лекари но тој починал. 

Приказната од трговскиот што ја раскажале очевидци пак се разликува од таа на полицијата, пишуваат медиумите. Кумановецот ги нападнал полицајците, едниот го удрил, по што настанала тепачка, па го испрскале со пепер спреј. Еден од полицајците го фатил за врат и почнал да го дави, по што починал. Истрага за смртта на македонскиот државјанин води тамошната полиција, видео надзорот ќе треба да покаже што точно се случило и дали полицајците биле брутални за време на апсењето. 

Кумановецот, во Холандија престојувал сам, неговата мајка и сестра живеат во Германија. Посмртните останки на 35 годишниот кумановец ќе бидат испратени во Македонија. 


Катерина Гетева