Живот и стил

Јапонскиот император наполни 83 години

Јапонскиот император Акихито денеска го прославува својот 83-ти роденден, поради што голем број Јапонци дојдоа во Царската палата за да го поздрават својот владетел.

23.12.2016 09:55:25
 Јапонскиот император Акихито денеска го прославува својот 83-ти роденден, поради што голем број Јапонци дојдоа во Царската палата за да го поздрават својот владетел.

Монархот и неговото семејство, меѓу кои и престолонаследникот Нарухито, се појавија накусо на стаклениот балкон од Палатата, поздравувајќи ја толпата која извикуваше „Банзај", што во превод значи - „десет илјади години", односно пожелување долг живот..

Приближно 33.000 луѓе се собраа за да им оддадат попчит на Акихито и царицата Мичико. Со нивното седнување на тронот во 1989 година, во Јапонија традиционално беше означена „нова ера", која го доби називот Хејсеи („Мир и слога").

Императорот потоа изрази „длабока благодарност кон сите кои ги сллушале неговите зборови" од неговиот говор кој беше емитуван на телевизија во август, кога тој изрази сомнеж околу својата способност да продолжи да ја извршува должност лидер на земјата.