Сцена

Тори Спелинг очекува петто дете

Ѕвездата на тинејџерската хит серија „Беверли Хилс“, Тори Спелинг (43) и нејзиниот сопруг Дин Мекдермот (50) очекуваат петто дете.

23.12.2016 09:49:36
 Ѕвездата на тинејџерската хит серија „Беверли Хилс“, Тори Спелинг (43) и нејзиниот сопруг Дин Мекдермот (50) очекуваат петто дете.

- По ќерката Стела и Хети и синовите Фин и Лиам, ќе добиеме уште едно момче. Можеби ќе мораме да се потрудиме и за шесто дете, рече Спелинг, која во изминатата деценија преживеа два банкроти.

Нејзиниот татко, покојниот медиусмки магнат Арон Спелинг, и остави само околу 800.000 долари наследство, бидејќи најголемиот дел од неговиот имот вреден 700 милиони долари и ги остава на сопругата Кенди.

Тори и Дин се во брак десет години, но годинава актерот повторно и предложи брак на својата сопруга. Тој клекна пред неа и нивните деца и извади прстен од „Тифани“. Се се одвиваше пред Ајфиловата кула во Приз. Тие објаснија дека нивната врска е бурна, па на секое заладување на односите, тој повторно и предлага брак.