Култура

Дочек на Нова година со Тамара Тодевска во „Мериот“

Тамара Тодевска, една од нашите најпознати пејачки, на 31 декември ќе ги забавува гостите во најлуксузниот хотел во Македонија - „Мериот“.

14.12.2016 18:09:46
 Тамара Тодевска, една од нашите најпознати пејачки, на 31 декември ќе ги забавува гостите во најлуксузниот хотел во Македонија - „Мериот“.
Со оглед на тоа дека Тамара важи за мајстор на добрите забави, несомнено е дека новогодишната ноќ во „Мериот“ ќе биде вистинско уживање.

Во интервјуто за Телеграф.мк., Тамара вети многу песни, одлична забава и ноќ за паметење на сите што ќе одлучат најлудата ноќ да ја прослават во хотелот „Мериот“.

Во интервјуто за Телеграф.мк таа вели дека и е многу драго што ќе биде за дочекот во Скопје. На топло, во таков преубав амбиент. Пресреќна била кога ја добила понудата и едвај чека да дојде 31 декември. Гостите може да очекуваат журка, познавајќи се, ќе биде лудило, вели Тамара.

Тамара додава дека има многу песни што планира да ги отпее. Сакам да имаат ноќ за паметење и тоа да биде најдобриот дочек на Новата година на „Мериот“, вели Тамара во интервјуто за Телеграф.мк.