Спорт

Кошаркарите во вториот сад пред жрепката

Кошаркарската репрезентација на Македонија во вториот квалитативен сад ја дочекува жрепката за одредување на групите за предквалификацискиот турнир за Светскиот шампионат.

06.12.2016 18:54:47
Тринаесет селекции во сабота во Прага ќе бидат распределени во четири групи преку кој ќе се бара шансата за место на Светскиот собир кој во 2019-тата ќе се одржи во Кина. 

Нашата репрезентација жрепката ја дочекува во вториот барабан заедно со селекциите на Австрија, Шведска и Бугарија.

Можни противници од првиот по квалитет сад ни се Холандија, Босна и Херцеговина, Естонија и Белорусија.

Додека од послабо рангираните тимови би можеле да се најдеме во група со Словачка, Португалија, Албанија, Косово и единствената во четвртиот барабан е составот на Ерменија.

На жрепката ќе бидат извлечени четири групи, три со по три селекции и една со четири.

На предквалификациите кои стартуваат во ноември следната година двете првопласирани репрезентации обезбедуваат пласман во квалификациите за Светскиот шампионат.