Сцена

ТАКСИРАТ меѓу 10. најдобри европски фестивали

Фестивалот ТАКСИРАТ од фестивалската публика е изгласан за еден од најдобрите европски фестивали на затворено во рамки на „Европските фестивалски награди“.

04.12.2016 14:55:52
 Фестивалот ТАКСИРАТ од фестивалската публика е изгласан за еден од најдобрите европски фестивали на затворено  во рамки на „Европските фестивалски награди“.

ТАКСИРАТ годинава се најде меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа, меѓу кои „Reeperbahn“ (Германија), „Le Printemps de Bourges“, „I Love Techno“ (Франција) и „Out.Fest“ (Португалија).

Добитниците на наградите ќе бидат презентирани на 11 јануари 2017 година на свечена церемонија во Гронинген, Холандија во рамки на Eurosonic Noorderslag конференцијата.

Награди се доделуваат од 2009 година, а ТАКСИРАТ осум години по ред е номиниран во две категории „Најдобар фестивал на затворено“ и „Најдобар мал фестивал“.

Главната фестивалска вечер на ТАКСИРАТ ќе се одржи на 9. декември во Метрополис Арена, со настапи на Архангел, Кирил Џајковски, Санаториум, Фолтин и Чиста Околина.