Македонија

Медијацијата како начин на решавање на споровите полека зема замав

Алтернативното решавање на споровите иако во Македонија веќе со законите подолго време добро е поставен, напредува полека. По пат на медијација од 2013 година има решено 20 спорови. Од Институтот за европска политика велат дека судот не е единствен

02.12.2016 17:50:51
 Алтернативното решавање на споровите иако во Македонија  веќе со законите  подолго време добро е поставен, напредува полека. По пат на медијација од 2013 година има решено 20 спорови. Од Институтот за европска политика велат дека судот не е единствено решение за решавање на спор во државата. Преку законот за  медијација споровите многу поевтино, на ефикасен начин во доверлива атмосфера се решаваат и побрзо се доаѓа до правда. На територијата има само 9 лиценцирани медијатори кои можат да бидат вклучени во спорови од најразличен карактер, како граѓанско правните спорови, од областа на потрошувачкото право, дел од семејните спорови се она што може да се решени по вонсудски по пат на спогодба во интерес на  двете страни.

Во постапката за медијација  во државата, за многу пократко време, за максимум рок од 60 дена страните можат да го решат спорот. Според анализата на светската организација Дуинг бизнис во Европа споровите се решаваат од 3 ипол до 5 часа и е за  една петтина поевтино. Минимум работата на медијаторите е по 15 евра час, што е значително помалку ако се имаат пред вид високите судски трошоци во однос на судската такса, за полномошници, како и за  наоди за вештите лица.

Од Институтот за европска политика потенцираа дека во државата мора да имплементираат што е можно повеќе од препораките на советот на Европа, на  граѓаните да им овозможи поедноставен пристап до правдата со оглед на тенденцијата дека стремиме кон Европската Унија.

Вероника Мароска Леова