Спорт

Избраниците на Милевски ги добиваат противниците на ЕП

Денеска во 18 часот во Краков ќе се одржи жрепката на која ќе се одредат групите за првата фаза од Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година.

01.12.2016 12:46:08

Македонските фудбалски надежи се дел од европската елита во пресрет на жрепката нашиот национален тим се наоѓа во третиот сад заедно со селекциите на Италија, Шведска, Чешка, Србија и Словачка.

 Меѓу носителите покрај домаќинот Полска се Германија и Португалија, а во втората квалитативна група сместени се Англија, Шпанија и Данска.

“На Европското првенство е собрана елитата, ова е последниот филтер пред да го добиеме континенталниот првак и навистина е неблагодарно да прогнозираме во однос на нашите евентуални противници. Најважната работа за нас во следниот период е да ги обезбедиме најдобрите услови за подготовка на тимот и да ги следиме активностите и натпреварите на играчите. Убеден сум дека Полска ќе биде одличен домаќин. Домаќините и резултатски имаат големи очекувања, но ние секогаш се фокусираме само на нашиот тим. Верувам дека сите ја сфаќаме сериозноста на овој голем настан за нас и остануваме позитивни”, изјави Милевски за веб страницата на ФФМ.

Континенталното првенство за играчи до 21 година ќе се одржи од 16 до 21 јуни, а натпреварите ќе се играат во Киелце, Лублин, Гдиња, Бидгошч, Тихи и Краков.