Спорт

Мареј сезоната ја заврши на првото место

По завршувањето на завршниот Мастерс, познат е редоследот на најдобрите тенисери на Светската ранг листа.

21.11.2016 13:43:00

По триумфот на завршниот турнир сезонава, Енди Мареј во новата година влегува како светски рекет број еден на планетава.

Новак Ѓоковиќ го задржа второто место додека на третата позиција изби Милош Раониќ потиснувајќи го Станислас Вавринка. Листата од пет најдобри тенисери на светот ја комплетира, Јапонецот, Кеи Нишикори.

Марин Чилиќ напредуваше на светската ранг листа и сега е шести, а на седмото место падна Гаел Монфис.

Доминик Тием сезоната ја завршува на осмата позиција, Рафаел Надал е деветти додека на десеттото место е Чехот, Томаш Бердих.