Ракомет Лига на шампиони 2015/16

Металург доби покана за настап во ЛШ

Македонскиот вице шампион Металург и во следната сезона ќе биде дел од ракометната Лига на шампиони откако денеска Европската федерација ги соопшти учесниците во елитното натпреварување. Металург ќе биде дел од Ц и де групата.

24.06.2016 14:39:58

Нашата земја и во следната сезона ќе има три претставника во шампионската лига каде сигурно учество претходно обезбедија машкиот и женски состав на Вардар.

 Жрепката за машкиот дел од елитното натпреварување ќе се одржи на први јули.

 

 

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2016/2017

 

А и Б група

Веспрем, Рајн Некар Левен, Барселона, Киелце, Пари Сен Жермен, ВАРДАР, Силкеборг, Загреб, Мешков Брест, Целје, Шафхаузен, Кристијанштад, Флензбург, Пик Сегед, Кил, Висла Плоцк

 

Ц и Д група

МЕТАЛУРГ, Ла Риоха, Мотор Запорожје, Чеховски Медведи, Бешикташ, Динамо Букурешт, Елверум, Монпеље, Нант, Холстебро, квалификант 1, квалификант 2

 

Учесници во квалификации:

АБЦ (Португалија), Татран Прешов, Диферданж (Луксембург), Бохолт (Белгија), Кокс (Финска), Макаби Тел Авив (Израел), Горење (Словенија), Брегенц (Австрија)