Ракомет Лига на шампиони 2015/16

Сагосен потпиша за Пари Сен Жермен

Францускиот ракометен шампион не запира со засилувањата за новата сезона во која ќе атакува на трофејот во Лигата на шампионите.

22.06.2016 13:45:58

Пари Сен Сен Жермен потпиша тригодишен договор со еден од најталентираните ракометари во Европа, Сандер Сагосен, кој до оваа сезона го носеше дресот на Алборг.

Дваесет и едно годишниот репрезентативец на Норвешка беше еден од најдобрите играчи на последното Европско првенство, а во минатата година беше прогласен за најдобар млад ракометар.