Ракомет Лига на шампиони 2015/16

Копљар се пресели во Веспрем

По само една сезона мината во дресот на Барселона, хрватскиот репрезентативец Марко Копљар се пресели во Веспрем.

19.06.2016 15:16:07

Барселона реши ја прекине соработката Копљар, кој пред почетокот на минатата сезона дојде од Пари Сен Жермен. Триесет годишниот Копљар во дресот на Барселона одигра 34 натпревари и постигна само 47 гола и тоа е главната причина поради која Каталонците решија да го раскинат договорот кој важеше до 2018-тата година.

Според информациите од Веспрем, Копљар со унгарскиот тим потпиша договор на две години.