Ракомет Лига на шампиони 2015/16

24 тима во конкуренција за женската ЛШ

Европската ракометна федерација ја објави листата на тимови кои се пријавени за настап во новата сезоната од Лигата на шампионки.

09.06.2016 14:09:30

На списокот се наоѓаат 25 клуба од кои 20 се во елитната група додека пет побарале вајлд карта.

Меѓу 20-те состави е и македонскиот првак Вардар, а единствено двајца претставници во оваа конкуренција имаат Унгарија (Ѓер и Ференцварош) и Данска (Есбјерг и Митјиланд)

 

Тимови регистрирани според ранг листа на ЕХФ:

Хипо (Австрија), Гомел (Белорусија), Подравка (Хрватска), Есбјерг (Данска), Митјиланд (Данска), Бера Бера (Шпанија), Мец (Франција),  Турингер (Германија), Ѓер (Унгарија), Ференцварош (Унгарија), Конверзано (Италија), ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА), Будуќност (Црна Гора), Далфсен (Холандија), Лублин (Полска), Букурешт (Романија), Астраханочка (Русија), Савехоф (Шведска), Анкара (Турција).

 

Тимови со дополнително барање:

Лајпциг (Германија), Гласверкет (Норвешка), Ростов Дон (Русија), Крим Меркатор (Словенија), Михаловце (Словачка)

 

Шампиони што не поднеле барање:

Бањик Мост (Чешка), Мадеира (Португалија), Загорје (Словенија), Извор Аранѓеловац (Србија), Споно (Швајцарија), Галичанка (Украина)