Ракомет Лига на шампиони 2015/16

Петровиќ ја завршува кариерата

Ракометарката на Будуќност, Радмила Петровиќ најави дека на крајот од сезоната ја завршува професионалната кариера.

11.05.2016 14:04:11

Дваесет и осум годишната Петровиќ кариерата ќе ја заврши по настапот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и како што потенцираше целосно ќе му се посвети на семејството.

Петровиќ во дресот на Будуќност освои два трофеи во Лигата на шампионки, а со националниот тим стигна до среброто на Игрите во Лондон и злато на Европското првенство.