Ракомет Лига на шампиони 2015/16

Познати полуфиналните двојки на Ф4

Денеска со жрепка беа одредени полуфиналните двојки на завршниот турнир во Лигата на шампиони.

03.05.2016 13:38:58

Пари Сен Жермен - Киелце и Кил - Веспрем се полуфиналните двојки на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони.

 Решавачката битка за титулата во елитното натпреварување ќе се одржи во Келн на 28 и 29 мај.

 А во полуфиналето на ЕХФ купот, тимот на поранешниот македонски селектор Ивица Обрван, Шамбери ќе се сретне со Гепинген додека домаќинот на турнирот Нант се соочува со Гранољерс.