Ракомет Лига на шампиони 2015/16

Хансен водечки стрелец во ЛШ

Во пресрет на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, Микел Хансен е на најдобар пат да биде прогласен за најдобар стрелец во елитното натпреварување.

02.05.2016 12:59:53

Ракометарот на Пари Сен Жермен пред последните два дуели води на листата на најефикасни играчи со вкупно 121 погодок или 12 повеќе од капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров.

Трет со 105 гола е Момир Илиќ од Веспрем додека на четвртото место со 101 погодок е Дејан Бомбач од Пик Сегед.

Од ракометарите на нашите претставници најдобро котира Тимур Дибиров, кој со 78 гола го дели 14-тото место заедно со Андре Шмит од Рајн Некар Левен и Ласе Сван од Флензбург.