Ракомет Лига на шампиони 2015/16

Душебаев и Шишкарев меѓу петте најатрактивни стрелци

Македонскиот првак Вардар не успеа да се пласира на завршниот турнир во Лигата на шампионите, но двајца играчи се најдоа во изборот на најатрактивните потези во реванш четврт-финалните дуели.

02.05.2016 12:50:37

Крилото на "црвено црните" Данил Шишкарев го освои петтото место во изборот на најатрактивни голови додека Алекс Душебаев во истата конкуренција се најде на третата позиција.

Во идеалниот тим на рундата нема ниту еден ракометар на Вардар, а меѓу седумте најдобри се избрани Мирко Алиловиќ и Ласло Наѓ од Веспрем, потоа за Доминик Клајн и Жоан Кањелјас од Кил, Михал Јурецки од Кјелце, Ласе Сван од Фленсбург и Тин Контрец од Загреб.