Ракомет Лига на шампиони 2015/16

ПСЖ последен учесник на Ф4 во Келн

Ракометарите на Пари Сен Жермен се пласираа на завршниот турнир во Лигата на шампионите откако во четврт-финалето го елиминираа Загреб.

01.05.2016 20:26:51

Гостите од Хрватска на реваншот во Париз играа одлично и на крајот успеаа да обезбедат нерешен резултат откако по 60 минути резултатот беше 32:32. Првиот дуел во Загреб пред седум дена заврши со триумф на Пари Сен Жермен од 28:20.

Избраниците на Веселин Вујовиќ имаа шанса да направат сензација и на крајот да стигнат до победа, но во завршните секунди домашниот тим успеа да се избори за нерешен резултат.

Најефикасен во домашниот тим со седум гола беше Сергеј Онуфриенко, а по пет пати прецизни беа Никола Карабатиќ и Микел Хансен.

На спротивната страна Златко Хорват осум пати се запиша во листата на стрелците, а шест погодоци постигна Тин Контрец.

Покрај Пари Сен Жермен место на Фајнал фор обезбедија уште Кил, Веспрем и Киелце.