Здравје

За 10 години ќе имаме медикамент за продолжување на животот

Тим научници предводени од Хорхе Иван Кастиља-Кан откри начин за неутрализирање на делови на протеинот ГСК-3, за кој неодамна беше откриено дека во голема мерка влијае на стареењето.

09.04.2016 12:26:33

Тим научници предводени од Хорхе Иван Кастиља-Кан откри начин за неутрализирање на делови на протеинот ГСК-3, за кој неодамна беше откриено дека во голема мерка влијае на стареењето.

Истражувањето на Универзитетскиот колеџ во Лондон, според моменталните предвидувања, набрзо би можело да се произведе таблета со која човековиот живот би се продолжил за 10 години односно за 16 проценти.

Со експериментите на овошните мушички откриено е дека со внесување на мали количини на литиум во организмот може да се неутрализира дејството на ГСК-3. 

Научниците најавуваат дека истражувањето сега ќе продолжи на посложените облици на живот, прво на глувци, а потоа на примати и на крај клиничките истражувања на луѓе. Тие претпоставуваат дека за тоа е потребно уште една деценија работа. 

Медикаментите кои содржат литиум подолго време се користат во терапијата за биполарно нарушување. Но, по земање на лекот се појавува замор и зашеметеност, па научнисите сега работат на надминување на нуспојавите.

Научниците наведуваат дека за целосен ефект од терапевтскот средство за продолжување на животот со стотата година потребно е луѓето да почнат да ја земаат таблетата најдоцна во средната животна доба.

Во истражувањето биле вклучени и Институтот Макс Планк за биологија на стареењето и Европската лабораторија за молекуларна биологија.

 

Од: stojce

Време: 08.05.2016 19:14:19

Коментар: Dolgogodisen proekt no sekako golem uspex ke bide ako se postigne pozitiven rezultat da se prodolzi zivotot sto mnogu od nas be posakale.Blagodarnost