Спорт

Хрватска и натаму без селектор

Според пишувањето на медиумите во Хрватска, Велимир Перасовиќ нема да биде на чело на кошаркарската репрезентација.

11.03.2016 18:53:47

Перасовиќ неодамна потпишал нов едногодишен договор со шпанскиот клуб Басконија и неофицијално веќе навестил дека нема да ја предводи репрезентацијата во квалификациите за пласман на Олимписките игри.

Деновиве во Шпанија со Перасовиќ разговарале членовите на стручниот совет Дино Раѓа и Јосип Вранковиќ, но се чини дека тие не успеал да го убедат Перасовиќ да остане на селекторската функција.

Во моментов најсериозни кандидати за преземање на репрезентацијата се сметаат Невен Спахија, кој работи во стручниот штаб на Атланта и тренерот на Загребм Даниел Јусуп.

Хрватска во квалификациите за Игрите во Рио се наоѓа во групата со Италија, Тунис, Мексико, Грција и Иран.