ЕП Ракомет 2016

Дувњак со најмногу асистенции на ЕП

Домагој Дувњак е ракометарот кој на шампионатот во Полска има најмногу асистенции додека веднаш зад него е Сандер Сагосен. На 24-тото место со 17 додавања се најде и нашиот репрезентативец, Немања Прибак.

01.02.2016 13:29:45

Хрватскиот репрезентативец на осум натпревари имаше 46 додавања по кои неговите колеги постигнуваа погодоци додека веднаш зад него со шест асистенции помалку е Норвежанецот, Сагосен.

На третото место е Микел Хансен од Данска со 38 асистенции, а четврти со 30 е најкорисниот играч на турнирот, Шпанецот, Раул Ентрериос.

Меѓу најдобрите асистенти на првенството се најде и македонскиот репрезентативец Немања Прибак, кој со 17 додавања е на делба на 24-тото место.

Ако се земе вкупниот број на додавања и постигнати голови првото место го делат Дувњак и Хансен со вкупно 71 поен. Хрватот има 25 гола и 46 асистенции додека Хансен има учинок од 33 погодоци и 38 додавања.

Во овој редослед Кире Лазаров е на осмото место со 55 поени или 42 гола плус 13 асистенции.