ЕП Ракомет 2016

Ривера најдобар стрелец, Лазаров петти, Манасков на 11. место

Шпанскиот репрезентативец, Валеро Ривера е најдобар стрелец на шампионатот, капитенот на македонската репрезентација повторно е при врвот и настапот во Полска го заврши на петтата позиција додека Дејан Манасков е на 11-тото место.

01.02.2016 13:19:29

Ривера на турнирот постигна 48 гола два повеќе од Тобијас Рахјман од Германија додека трет со 45 погодоци е Норвежанецот, Кристијан Бјорнсен.

Крилото на репрезентацијата на Хрватска, Мануел Штрлек 45 пати се впиша во листата на стрелците додека на петтата позиција со 42 гола е нашиот капитен, Кире Лазаров.













Високо на листата на најефикасни ракометари на првенството котира и Дејан Манасков, кој на шест натпревари беше стрелец на 32 погодоци и го дели 11-тото место.

Меѓу најефикасните ракометари на првенството најдобар процент на реализација има Штрлек, кој од 54 обиди постигна 43 гола или прецизност од 80 насто.

Лазаров 42-та гола ги постигна од 79 обиди или прецизност од 53 проценти додека Манасков до 32-та погодоци стигна по 44 шута и има прецизност од 73 проценти.

Македонскиот капитен има најдобар просек на постигнати голови или точно седум по натпревар, Манасков во просек постигнувал 5,3 погодоци на меч.