ЕП Ракомет 2016

Германија го освои златото,Хрватска славеше во мечот за бронзата

Германија полесно од очекуваното стигна до шампионскиот трофеј, откако славеше убедливо над Шпанија со 24:17.

31.01.2016 21:20:18
Уште на почетокот на мечот се виде во која насока ќе се движат нешата. Шпанците беа цели 7 минути без постигнат гол, а веќе по 10 минути игра Германија водеше со 5:2. Ниту во еден момент фуријата не успеа да се доближи резултатски, највеќе благодарение на одличната одбрана, но  и расположениот Волф кој мечот го заврши со 16 одбрани.
Најефикасен во редовите на новиот европски првак беше Хефнер со 7 погодоци. Во сребрениот тим Штербик запиша 14 одбрани, Ентрериос заврши со 5 гола. 

Во борбата за бронзата Хрватска ја победи убедливо Норвешка со 31:24. Хрватите имаа целосна конторла во првиот дел и на пауза заминаа со резултат 15:11. Кризата во играта во средината на вториот дел им даде надеж на Норвежаните дека можат да фатат приклучок, но во завршните10 минути при водство од 22:21 Хрватска успеа да направи серија 5:0 што беше клучно за освојување на третата бронза од европските првенства.