ЕП Ракомет 2016

Шпанија и Германија за европското ракометно злато

Попладнево во 17 часот и 30 минути ќе стартува финалниот натпревар на Европското првенство во ракомет во кое се среќаваат селекциите на Шпанија и Германија.

31.01.2016 14:19:28

Репрезентацијата на Шпанија по четврти пат во историјата ќе се бори за златниот трофеј на континенталните првенства додека Германија ќе се обиде по втор пат да се закити со најсјајното одличје.

Црвената фурија има голема шанса конечно да се најде на највисокото место на подиумот на Европските првенства. По три неуспешни обиди Шпанија е голем фаворит во соочувањето со Германија, која најголемото изненадување на шампионатот.

Двете селекции со меѓусебниот дуел во Вроцлав го отворија натпреварувањето во Полска, а токму тие и е ќе го затворат турнирот.

Во првиот дуел Шпанија славеше со 32:29, а претходно двата тима се соочија во квалификациите за пласман на Европското првенство. Германците на домашен терен забележаа победа со 29:28 додека Шпанија пред своите навивачи триумфираше со 32:29.

Германците во големото финале ќе играат готово без комплетната прва постава. Поради повреди во Полска не настапуваат Уве Генсхајмер, Патрик Грецки, Патрик Винчек, Кристијан Дисингер и Штефан Вајнхолд додека во шпанскиот тим недостасува единствено Дани Сармиенто.

Во мечот за третото место се среќаваат селекциите на Норвешка и Хрватска.