ЕП Ракомет 2016

Чешка како судбина за ракометарите

Македонската ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Франција ќе се бори со селекцијата на Чешка.

31.01.2016 14:00:43

Ждрепката сакаше повторно нашите најдобри ракометари за место на едно големо натпреварување да се бориме со репрезентацијата на Чешка.

Со Чесите се соочивме во последните квалификации за пласман на Европскиот шампионат во Полска, а игравме и на претходните континентални првенства во Србија и Данска.

Најпосакуваниот противник во баражот, репрезентацијата на Холандија за противник ја доби Полска додека најтешко мина Словенија, која за настап на Мундијалот ќе игра против поразениот од дуелот меѓу Хрватска и Норвешка

 

БАРАЖ ЗА СП - двојки

Чешка - МАКЕДОНИЈА

Шведска - Босна и Херцеговина

Полска - Холандија

Русија - Црна Гора

Србија - Унгарија

Исланд - Португалија

Словенија - Хрватска / Норвешка

Белорусија - Летонија

Данска - Австрија