ЕП Ракомет 2016

Раул Ентрериос МВП на шампионатот

На последната прес конференција во Краков беа соопштени имињата на најдобрите на Европското ракометно првенство во Полска.

31.01.2016 13:38:32

За најкорисен играч на шампионатот е прогласен шпанскиот репрезентативец, Раул Ентрериос.

Во идеалната постава на турнирот се најдоа:

голман: Андреас Волф (Германија)

лево крило: Мануел Штрлек (Хрватска)

лев бек: Михал Јурецки (Полска)

централен бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

десен бек: Јохан Јакобсен (Шведска)

десно крило: Тобијас Рајхман (Германија)

кружен напаѓач: Јулен Агинагалде (Шпанија)

 

За најдобар дефанзивец на првенството е прогласен репрезентативецот на Данска, Хенрик Мелгард.