ЕП Ракомет 2016

Ракометарите денеска го добиваат противникот за баражот за СП

Денеска во 13 часот во Краков стартува завршната прес конференција на Европското првенство во ракомет, а ќе се одржи и ждрепката за баражот за пласман на Светскиот шампионат.

31.01.2016 13:00:24

Пласманот во вториот круг на континенталното првенство на нашата селекција и донесе место во првиот шешир каде се наоѓаат уште репрезентациите на Белорусија, Данска, Унгарија, Исланд, Полска, Русија, Шведска и четврто пласираниот состав на Европскиот шампионат.

Во вториот сад се поставени Црна Гора, Словенија, Србија (трите последни на ЕП), Австрија, Босна и Херцеговина, Чешка, Летонија, Холандија и Португалија.

Ждрепката стартува во 13 часот.