ЕП Ракомет 2016

Норвешка ја повлече жалбата

Норвешката делегација реши да го повлече протестот поднесен веднаш по завршувањето на полуфиналниот дуел со Германија.

30.01.2016 13:12:35

"Откако ги погледнавме снимките и фотографиите од завршните секунди на мечот со Германија забележавме дека на теренот имаше премногу противнички ракометари вклучувајќи двајца голмани. И покрај се официјалните лица не го прекинаа натпреварот и не доделија казни за сите играчи што беа вишок на теренот. Протестот беше документиран со видео записи, но тој е повлечен. Наша основна цел е ЕХФ да најде начин како слични ситуации во иднина да не се случат", се вели во соопштението што го објави Норвешката ракометна федерација.

Германија по продолженија од пет минути ја совлада Норвешка со 34:33 и се пласираше во финалето на Европското првенство.