Спорт

Шестата етапа за Петерхансел

Французинот, Стефан Петерхансел на Пежо триумфираше на шестата етапа од релито Дакар што почна и заврши во боливискиот град Ујуни во должина од 542 километри.

08.01.2016 23:22:16

Петерхансел на крајот имаше 17 секунди подобро време од тимскиот колега Карлос Саинз додека третото место му припадна на Јазид Ал Раџи од Саудиска Арабија, кој се натпреварува со Тојота Хилукс.

Зад водечката тројка етапата ја заврши Себастијан Леб на Пежо и тој зад победникот заостана 8 минути и 15 секунди.

По денешниот триумф Петерхансел изби на чело во генералниот пласман со 27 секунди подобро вкупно време од Леб додека трет е Саинз со заостаток од 5 минути и 55 секунди.

Во конкуренција на мотори двојна победа на КТМ. Првото место му припадна на Тоби Прајс од Австралија пред Австриецот, Матијас Валкнер. Денешната етапа на третата позиција ја заврши Пауло Гонсалвеш на Хонда.

Гонсалвеш води во генералниот редослед со 35 секунди предност во однос на Прајс, а трет со заостанување од 2 минути и 50 секунди е Валкнер.

Утре на програмата е седмата етапа што ќе се вози од Ујуни до Салта во Аргентина во должина од 793 километри.