Спорт

Доминација на Пежо во четвртата етапа

Четири екипажи на Пежо се најдоа меѓу петте најдобри во денешната четврта етапа од релито Дакар што почна и заврши во Сан Салвадор де Хухуј во должина од 429 километри.

06.01.2016 20:26:30

Првото место му припадна на Стефан Петерхансел, кој за 11 секунди имаше подобро време од Карлос Саинз, а трет низ целта мина Себастијан Леб.

Четвртата позиција му припадна на Насер Ал Атија на Мини, а доминацијата на Пежо ја потврди Сирил Деспре, кој заврши на петтото место.

По четири етапи во генералниот пласман води Леб со 4 минути и 48 секунди предност во однос на Петерхансел додека трет со заостанување од 11 минути е Ал Атија.

Во конкуренција на мотори триумф на Порториканецот, Пауло Косалвеш на Хонда пред сонародникот Рубен Фарија на Хускварна. Третото место во оваа етапа му припанд на Кевин Бенавидес од Аргентина на Хонда.

Гонсалвеш води во генералниот пласман со 2 минути и 17 секунди подобро вкупно време од Бенавидес. Во моментов на третата позиција е Жан Бареда од Шпанија со заостанување од три минути и три секунди.

Утре на програмата е петтата етапа во која натпреварувачите ќе влезат на територијата на Боливија.

Стартот е во Сан Салвадор де Хухуј до Ујуни во Боливија во должина од 629 километри.