Спорт

Леб триумфално на втората етапа од релито Дакар

Втората етапа од релито Дакар го донесе и првото големо изненадување. На истата триумфираше Себастијан Леб со што го презеде и водството во генералниот пласман.

04.01.2016 21:19:43
Лошите временски услови кои ја одложија првата етапа имаа влијание и на вториот дел кој се возеше од Вилја Карлос Паз до Термас де Рио Хондо, но наместо предвидените 510 се возеа 387 километри.

Најбрз на делницата беше Леб кој со предност од 2 минути и 23 секунди триумфираше пред тимскиот колега во Пежо Стефан Петерхансел.

На третата позиција со 2 минути и 38 секунди послабо време заврши Владимир Василјев со Тојата.
Кај мотоциклите триумф на Тоби Прајс на КТМ со само 20 секунди предност пред Рубен Фарија.