});

6 работи без кои дерматолозите не одат на плажа

1. Дерматологот Дебра Јалиман никогаш не оди на плажа без заштитен фактор. Посебно ја препорачува крем-пудрата во прав со заштитен знак која нема да ви ги затне порите, а која можете да ја ставите и на темето за да не ви изгори.

2. Втора работа на нејзиниот список е кремот за сончање, особено ако содржи цинков и титаниум диоксид кои штитат од ултравиолетовите зраци.

3. Таа исто така не оди на плажа без шешир. Советува да побарате шешир на кој е назначено дека дава заштита од ултравиолетово зрачење и да биде широк за да може да ви го заштити лицето, но и рамената кои се изложени на сончевите зраци.

4. Очилата со УВ заштита се исто така задолжителни. Докторката советува дека леките треба да имаат барем УВ400 заштита.

5. Марамчињата за чистење на лицето се исто така дел од нејзината опрема, бидејќи со нив најлесно се отстранува нечистотијата од лицето што може да се насобере на плажа, а истовремено и ќе се освежите. Секако, откако ќе ги употребите, нанесете нов слој крем за сончање.

6. Последното нешто на нејзиниот список е фустанот со кој ќе можете да се заштитите. Докторката појаснила дека може да се најде облека со таканаречен УПФ фактор што ја означува количината на УВА и УВБ зрачење кое минува низ ткаенината до кожата.