});

Јавното обвинителство глуво за некои гласови во јавноста

До кога ќе молчи Основното јавно обвинителство за говорот на омраза на социјалните мрежи на кои се коментираше каде беше емтувана снимка во живо од протесниот марш за смртта на младото момче Никола Саздовски- Саздо? Додека ОЈО отвара истрага за оние кои пишуваа за пожарот во Грција, за случајот со протесниот марш се уште нема одговор. Од Основното јавно обвинителство засега не знаат дали има оформено таков предмет, но рекоа ќе не известат во текот на денот, откако ќе проверат.

Говорот на омраза на видеото не беше упатена само до “Комитите” или “Шверцерите” со што ќе можеше да се тврди дека се работи за навивачка пресметка, туку искажаната омраза беше насочена кон цели народи, мајки, сестри, па дури и смрт за цели народи.

Додека за ваквите коментари и ширење на омраза се молчи Основото јавно обвинителство, експресно отвори истрага по допрен глас и оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција во кој има и човечки жртви.

„Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање на дејствија со цел обезбедување докази во предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата кои преку објавување на написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза“, велат од за говорот на омраза поврзан со пожарите во Грција.

Социјалните мрежи и понатаму остануваат бојно поле каде корисниците на истите се расфрлаат со закани, навреди и ширење на говор на омраза, граѓаните кои се загрижани за ваквиот начин на комункација апелираат до надлежните институции да превземат некакви превентивни мерки, за виртуелниот говор на омраза се претвори во реално насилство.

 

Мери Ѓорѓиевска