});

Уапсени шест лица за нападот врз Мадуро

Властите во Венецуела денеска уапсија шест лица , осомничени за употреба на дронови со по килограм експлозив , со кој беше извршен обид за атентат врз претседателто Николас Мадуро.

Министерот за внатрешни работи Луис Реверол изјави дека станува збор за терористички напад и најави дека з анеколку часа ќе има нови апсења.

Мадуро го преживеа атентатот без повреда и веднаш го обвини претседателот на Колумбија Сантос и неговите пријатели од САД .

Дроновите експлодираа додека Мадуро држеше говор на главниот плоштад во Венецуела пред војската по повод денот на Националната града. Седуммина војници се повредени во експлозиите.