});

Три градови во Франција забранија управување со некои автомобили поради жештините

Три француски градови Париз, Стразбур и Лион, забранија управување автомобили што најмногу го загадуваат воздухот, а таа мерка е воведена поради пораст на нивото на загадување по бранот жештини што ја погоди Европа.

Во Париз и Стразбур забраната се однесува на возила стари 12 години и повеќе, додека во Лион дозволено е управување еколошки автомобили со налепница „чист воздух“.

Властите предупредија дека денеска нивото на загадување може да достигне „врв“ поради високите температури и тоа да предизвика надразнетост на очите, болка во грлото и проблеми со дишењето.

Поради високите температури, во Франција привремено се затворени четири нуклеарни реактори. Бранот жештини во таа држава ќе потрае до четврток, а максимални температури се прогнозирани за утре.